Инфо за Baba Trail 20K
Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк.
START
13.08.2023
ДОЛЖИНА
20.4 km
ВИСИНСКА РАЗЛИКА
D+ 1050m / D- 1050m
ВРЕМЕНСКИ ЛИМИТ
5 hours
ITRA ПОЕНИ
1
КОТИЗАЦИЈА
Early bird: 950 ден., 30 Апр.
Regular: 1300 ден., 30 Јули
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Најчесто поставувани прашања
EARLY BIRD ПОПУСТ (01.03.2023 – 30.04.2023)
РЕГУЛАРНИ ЦЕНИ (01.05.2023 – 30.07.2023)
ПОПУСТИ:
- Групни регистрации / клубови (минимум број на учесници е 5 )
- БЕСПЛАТНО = победниците од Pelister Ultra-Trail 2022 од двете трки.
Доколку натпреварувач сака да го откаже учеството на PELISTER ULTRA TRAIL и сака да
добие повраток на средствата од стартнината мора за тоа да го извести организаторот на info@pelisterultratrail.com:
- откажување до 25.06.2023: 80% поврат.
– откажување до 30.07.2023: 50% поврат - повраток после 31.07.2023 нема да биде извршен.
- префрлање од една на друга трка е дозволено најдоцна до 30.07.2023. Натпреварувачот
кој сака да се префрли треба да испрати email на info@pelisterultratrail.com со лични
податоци, на која трка е пријавен и на која трка се префрла.
За префрлање од подолга на пократка трка, не ја враќаме разликата во стартнината, но доколку се префрла од кратка на долга трка, треба да се доплати разликата од
тoа што дотогаш е платено. - доколку натпреварувач кој е веќе пријавен и платил стартнина, сака да се откаже од
учество и притоа наместо повраток на средствата, сака да ја префрли стартнината на
друг натпреварувач, мора да испрати барање до организаторот по email на info@pelisterultratrail.com најдоцна до 30.07.2023.
- стартен BIB број
- брендирана Dryfit маичка
- вода, храна и пијалок,
- спасители и медицинска помош во текот на трката
- брендирани подароци од трката
- фотографии од трката на социјалните мрежи
- финишерски медал
Задолжителната опрема е наменета за ваша безбедност – не ја потценувајте моќта на природата! Во случај на лоши временски услови, организаторот на настанот има право да побара дополнителна задолжителна опрема, која ќе биде објавена еден ден пред почетокот на трката.
Целосната листа на задолжителна опрема можете да ја најдете на овој линк: ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
- секој учесник мора да е заведен на сите контролни точки.
- пенал, дисквалификација или временски пенал според одлуката на директорот на трката
- скршнување или кратење надвор од маркираната патека, или користи други
патишта и притоа ја крати вкупната должина - Секој тркач мора да има и мора да ја покаже задолжителната опрема кога тоа ќе биде побарано. Казната за некомплетна задолжителна опрема е 30 минути за секој недостижен предмет. Доколку не ја покажете опремата, вие сте дисквалификувани.
- Трчање со број на лигавче на друг тркач – дисквалификација.
- оставање или фрлање на ѓубре за време на трката, вознемирување на дивиот свет – дисквалификација.
- користење транспорт за време на трката – дисквалификација.
- навреда на организаторот или волонтерите – дисквалификација.
- игнорирање на тркач кој има потреба од помошили е во неволја – дисквалификација.
- Исклучувањето или казната може да биде веднаш или по откривање на неправилноста.